„Apple“ преку официјално соопштение до медиумите објави дека нивниот најнов мобилен оперативен систем „iOS 9“ по само три дена од службеното претставување се наоѓа на 50% од уредите.
Со тоа „iOS 9“ стана најбрзо прифатената софтверска надограба во историјата на компанијата. Споменатиот податок за присутноста на „iOS 9“ системот на 50% од уредите се однесува до 19-ти септември, а самиот оперативен систем беше претставен на 16-ти септември.
За споредба, на „iOS 8“ му беа потребни осум дена за постигнување на присутноста на уредите од 50%. Причината за бавното прифаќање на тој систем се крие во фактот што во однос на „iOS 7“, тој донесе мал број на функции, како и дека бараше поголем слободен простор за инсталација.
Покрај позитивните информации за „iOS 9“, од „Apple“ се пофалија и со фактот за позитивната реакција на корисниците кон моделот „iPhone 6S“, а лимитирани количини од овој уред ќе бидат достапни во САД од 25-ти септември.