Најголемиот руски производител – „АвтоВАЗ“, покажа концептуална верзија на теренец-комби. Очекуваната „Lada Vesta Cross“ беше претставена во Москва саемот за теренски автомобили „Moscow Off-Road Show“.
Од компанијата најавија дека во конструкцијата на возилото се користат 320 целосно нови детали. „Vesta Cross“ демонстрира заштитни елементи кои се типични за овие модели, зголемено тло и големи тркала.
Во моментов не е познато дали моделот ќе добие продукциска верзија. Ако таква одлука биде донесена, моделот „Vesta Cross“ ќе биде подготвен за најмалку 12 месеци, соопшти шефот на компанијата Бу Андерсон.
Претседателот на рускиот производител го претстави автомобилот пред публика заедно со главниот дизајнер на „АвтоВАЗ“, Стив Матин. Двајцата беа категорични дека одлучувањето за пуштање на моделот во серија ќе зависи најмногу од оценката на публиката во Москва.
Самиот концепт „Lada Vesta Concept Cross“ е изграден на целосно нова платформа, за која се користат компоненти на Алијансата „Renault-Nissan“. На неа е изграден и седанот, кој треба да се појави во сериско производство во септември оваа година. Тој ќе биде опремен со 1,6-литарски бензински мотори со моќност од 87, 106 и 114 КС.
За околу 2 години на пазарот треба да појави и караван верзијата на „Vesta“, а ќе ги добие истите агрегати како седан.