30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија 2025: Мудро и брзо решение на политичката криза

Македонија 2025: Мудро и брзо решение на политичката криза

Macedonia-2025

Сите граѓани на Република Македонија, лидерите на политичките партии, претставници од општествениот и бизнис сектор да дејствуваат мудро и брзо да донесат решение за политичката криза, порачуваат од глобална непрофитна организација Македонија 2025.

„Ги повикуваме сите надлежни институции да иницираат независна и непристрасна истрага за обвиненијата за потенцијалните политички неправилности, измами во гласањето, неумесното влијание на судството и медиумите. Само со дијалог и веродостојна комуникација помеѓу сите политички партии, може да се дојде до решение кое ќе доведе до стабилна економска средина за водење бизнис и ќе овозможи безбеден живот за луѓето“, велат од Македонија 2025.

Тие ја повикаа и меѓународната заедница да ја поддржи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, како македонскиот народ не би се чувствувал изолиран и напуштен од неговото европско семејство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП