„Samsung Electronics“ пушти лимитирана серија на телефонот „Galaxy S6 Edge“ со „Железниот човек“. Ова е уште еден обид на компанијата да ги промовира своите смартфони со закривен екран, пишува „CNBC“.
64-гигабајтниот уред располага со панел во црвена и златна боја, а вклучува и слика на „Железниот човек“. Телефонот има и безжичен полнач.
„Лимитираната серија „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ја отелотворува силата на познатиот „одмаздник“ со модерниот дизајн и напредните функции, кои ќе им обезбедат на симпатизерите на „Marvel“ страшно искуство“, тврди Јангхи Ли, извршен потпретседател на единицата на „Samsung Electronic“ за маркетинг, информациони и мобилни технологии.
Телефонот денеска ќе биде пуштен во Кореја, а во јуни ќе се појави во Кина и Хонг Конг.
Бизнисот со смартфони на „Samsung“ се бори со жестоката конкуренција од страна на „Apple“ и најевтините кинески уреди, па поради тоа, таа се надева дека „Iron Man Galaxy S6 Edge“ ќе помогне да се создаде интерес за нејзините интересни предлози.