„BMW“ еднаш призна дека им е потребно годишно да произведуваат најмалку милион автомобили, со цел да опстане на пазарот.
За да се постигне оваа цел, германската компанија мораше да направи компромис и да почне да изработува модели кои не наликуваат на типичните „BMW“ автомобили.
Во меѓувреме, годишното производство на групацијата „BMW“ во 2014-та достигна два милиони возила, а во првите три месеци од 2014-та, продадени се 526.669 aвтомобили.
Лансирани се и првите модели со преден погон, „MPV“ возилот „Serieѕ 2 – Active Tourer“ и седмоседот „Gran Tourer“ (GT), кој наскоро треба да пристигне во продажните салони во Европа.
Во споредба со моделот „Active Tourer“, „BMW Serieѕ 2 GT“ има просторна кабина и три реда седишта. Како и повеќето слични мултифункционални возила, и во ова третиот ред на седишта е наменет пред се за деца.
Aвтомобилот е долг 4.556 mm, широк 1.800 mm, a висок 1.608 mm, што го прави 214 mm подолг и 53 mm повисок од споменатиот „Active Tourer“ од кого е базиран. Покрај тоа, меѓуосовинското растојание е поголемо за 110 mm или на 2.780 mm.
„BMW Serieѕ 2 Gran Tourer“ во стандардна верзија доаѓа со два реда седишта и во него можат да се сместат пет возрасни патници и нивиот багаж.
Третиот ред е достапен како опција, а со навалувње на последвите две седишта се добива целосно равен под во багажникот.
Во верзијата со 5 седишта, зафатнината на багажникот изнесува од 645 дo 805 литри, кога вториот ред на седишта е поместен нанапред.
Во зависност од нивото на опрема, „BMW Serieѕ 2 Gran Tourer“ ќе биде достапен во четири пакети: „Advantage“, „Sport Line“, „Luxury Line“ и „M Sport“.
На купувачите ќе им бидат понудени шест бензински и дизел мотори со 3 и 4 цилиндри, во опсег од 116 ks дo 192 ks.