Според извештајот на истражувачката компанија „IHS“, „Samsung Galaxy S6 Еdge“ од 64 GB чини 290 долари за да се изработи. Тоа значи дека овој уред е многу поскап за изработка и од најновиот модел на „iPhone“, кој може да чини до 263 долари, колку се потребни да се произведе „iPhone 6 Plus“ со 128 GB.
Исто така, „Galaxy S6 Еdge“ е очигледно многу поскап за изработка и од минатогодишниот модел „Galaxy S5“, за чие производство беа потребни 256 долари.
Не е изненадување дека за изработката на телефонот „Galaxy S6 Еdge“ најголемата ставка е заоблениот „Quad HD“ дисплеј кој чини 85 долари, што е дури 29 проценти од цената на целиот телефон.
Следната најскапа ставка на овој смартфон е процесорот „Exynos 7420“ кој компанијата сама го изработува и чини 29,5 долари.