Комерцијална банка АД Скопје денеска соопшти дека започнала нов промотивен период во кој сите новоодобрени потрошувачки кредити до 10.000 евра со ЕУР клаузула ќе се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање на кредит.
Промотивиот период важи од 01.04 до 30.06.2015, се вели во соопштението на банката.
За одобрени потрошувачки кредити наменети за рефинансирање на постоечки потрошувачки кредити во Комерцијална банка, ќе се пресметува и наплатува надомест согласно актите на Банката.
Повеќе информации околу условите за кредитот можат да се најдат на веб страната на Банката.