Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јануари, изнесувала 21. 828 денари, што е за 2,3 отсто повеќе во однос на истиот месец лани, објави во петокот Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Други услужни дејности (8,4 отсто), Уметност, забава и рекреација (6,7 отсто) и Дејности на здравствена и социјална заштита (6,1 отсто).
Просечната плата во јанаури е помала за 579 денари во спроедба со претходниот месец, што се должи на намалувањето на платите во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18,2 отсто), Земјоделство, шумарство и рибарство (7,7 отсто) и Преработувачка индустрија (7,1 отсто).
Најголеми плати во јануари примиле вработените во секторите Финансиски дејности и дејности на осигурување (39.408) и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (38.964), додека најниски примања имале вработените во секторите Административни и помошни услужни дејности (14.949) и во Земјдоделство, шумарство и рибарство (15.195)
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари 2015 изнесува 32. 051 денари.
Во јануари 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.