Првиот носител на Мастерсот во Индијан Велс, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во осминафиналето.
Ѓоковиќ не блескаше против Алберт Рамос, но сепак победи во два сета (7:5, 6:3) и во наредната рунда ќе игра со Американецот Џон Изнер.
Српскиот тенисер има проблеми кога игра против Изнер во два добиени сета, иако во меѓусебниот скор води со 5-2. Двата порази од Изнер, Ѓоковиќ ги има доживеано на американска почва и тоа во Индијан Велс во 2012 и во Синсинати во 2013 година.
Инаку најголемото изненадување во третото коло го приреди Танаси Кокинакис кој по голема борба, во три сета (6:2, 5:7, 7:6), славеше над Давид Ферер.
Третото коло го минаа Енди Мареј со победата од 6:1, 3:6, 6:1 над Филип Колшрајбер, потоа Фелисијано Лопес, Адријан Манарино, Кеи Нишикори и Џон Изнер.