Овој прекрасен луксузен хотел во Пукет, „Point Yamu“, е последен во низата на ланецот на луксузни хотели на групацијата „COMO“.
Сместувањето е на работ над прекрасните азурни бои на Андаманското море со прекрасен поглед на заливот Панг Нга Беј.
За неговиот сјаен и модерен изглед заслужна е италијанската дизајнерка Паола Навоне, на која ова и е прв хотел што го дизајнирала.
Хотелот нуди уникатен израз на современиот тајландски луксуз со „COMO Shambhala Wellness“ центарот и два ресторани од светска класа со тајландска и италијанска кујна.
Погледнете во овој прекрасно уреден хотел и накратко запловете во светот на луксузниот одмор и релаксација…