Ракометната репрезентација на Македонија ја оствари третата победа, а со тоа обезбеди и пласман во осминафиналето на Светското првенство што се одржува во Катар.
По потешкиот пат македонските ракометари стигаа до триумфот над Босна и Херцеговина во дуелот од 2.коло на Б групата, со конечни 25:22, полувреме 13:11.
Нашата селекција одлично го отвори натпреварот не дозволувајќи му на противникот во првите седум минути да го совлада Борко Ристовски. Сепак, по водството 6:1 во 11. минута, црвеножолтите влегоа во реализаторска криза од безмалку 8 минути.
Тоа Босанците го искористија и во 18. минута прв пат поведоа со 7:6. Благодарение на бројните технички грешки кои ги направија противниците, избраниците на Ивица Обрван до крајот на првиот дел сепак
успеаја да остварат предност, а на паузата заминаа со позитива од 2 гола (13:11).
Во второто полувреме, Босанците беа оние кои подобро започнаа, па веќе во 34. минута стигнаа до израмнување 14:14.
Во продолжението откако неколку пати пропуштија можности за водство, конечно во 43. минута селекцијата на БиХ поведе со 18:17, пред се благодарение на очајната игра на нашите ракометари во нападот.
Клучниот момент се случи во периодот од 4550 минута, кога нашите ракометари, иако имаа двајца играчи повеќе, сепак успеаја да направат серија 5:1 и поведоа во 22:19.
Трите голови предност успеаја да ги сочуваат до крајот на средбата и со конечни 25:22 да ја остварат
третата победа, а со тоа и обезбедат пласман во осминафиналето.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Дејан Манасков кој постигна 6 голови. Дури петмина ракометари постигнаа по три гола: Наумче Мојсовски, Филип Миркуловски, Немања Прибак, Гоце Георгиевски и капитенот Кирил Лазаров сите со удари од 7 метри. Борко Ристовски средбата ја заврши со 12 одбрани.
Во вториот меч од Б групата, селекцијата на Хрватска го победи Иран убедливо со 41:22 со што популарните „Каубои’ ја остварија третата победа.
Сега Хрватите поради подобрата гол разлика се на првото место на табелата со 6 бодови, колку што има и Македонија на второто. По нив следуваат БиХ и Австрија со 4, а Иран и Тунис се без бодови.
Колото ќе го комплетираат Австрија и Тунис со средбата која ќе започне во 19 часот.
вг/18:4