Не е лесно да создадеш производ кој ќе се продаде во стотици милиони примероци. Овие производи се водечки во својата сфера и иконите во својата деценија.
Погледнете ги 10-те најпродавани производи во историјата:
10. iPad – 211 милиони единици.
Таблетот на „Apple“ се уште е број 1 во својот сегмент, иако полека го губи уделот на пазарот од „Samsung“.
9. Франшизата Mario Bros – 262 милиони.
Франшизата на „Nintendo“ постои од 1981-ва година. Првично тоа е јапонски цртан лик, но тој го освои и САД. Двајцата браќа се појавија во 115 наслови и имаат цртан филм, како и игра од „Nintendo“.
8. PlayStation – 344 милиони единици.
Конзолата на „Sony Computer Entertainment“ наполни 20 години на 3-ти декември 2014-та година. Во 1995-та година таа е најмоќната на пазарот со својот 32-битен процесор. „PlayStation“ беше претставен во 2000-та година. Последната генерација – „4“ се појави оваа година и веќе е хит.
7. Рубикова коцка – 350 милиони.
Измислена е од страна на унгарскиот архитект Проф. Ерно Рубик во 1974-та година. Тоа е најпродаваната играчка во светот. Од 1980-та година до денес се продадени над 350 милиони парчиња.
6. Книгите за Хари Потер – 450 милиони примероци.
Книгите од серијата се преведени на 73 јазици, а Џ. К. Роунлинг е најдобро платениот писател во светот. Во 2007-ма година се продадоа 8.3 милиони копии од последната книга од серијата во рок од 24 часа. Помеѓу 2001-ва и 2011-та година се појавија вкупно 8 филма од серијалот кои имаат генерирани приходи од 7,7 милијарди долари.
5. Lays – 633 милиони парчиња.
Марката на чипс е позната со различни имиња во светот – во Велика Британија таа е „Walkers“, во Австралија „Smith’s“, во Египет е „Chipsy“. Основана е во 1932-ра година од Херман Леи. Од 1965-та година е во сопственост на „PepsiCo“.
4. iPhone – 516 милиони единици.
Компанијата има продадено над 516 милиони единици од 2007-ма година досега.
3. Coca-Cola- 1.8 милијарди.
Со бројката од 1.8 милијарди тоа е најуспешниот производ во историјата. Пијалокот е основан во 19-ти век од Џон Пембертон. Кон 2013-та година производите на брендот се достапни во 213 земји во светот.
2. Star Wars Films- 4.6 милијарди долари во приходи до сега.
Светот падна во еуфорија, кога стана јасно дека од „Disney“ ќе пуштат три нови филма од серијалот. Првиот треба да се појави во 2015-та година. Оригиналната трилогија на Џорџ Лукас донела приходи од 2,4 милијарди долари.
1. Lipitor- 141 милијарди.
Најпродаван производ е лек. Тој се користи за висок холестерол. Во 2011-та година патентот на компанијата истече. Тогаш многу компании почнаа да прават поевтина верзија и профитот опадна. Во 2013-та година приходите од „Lipitor“ беа едвај 2,3 милијарди долари, наспроти 9,6 милијарди долари за 2011-та година. Ниту еден друг лек не е ниту блиску до трговскиот успех на „Lipitor“.