Дизајнерското студио „Askaniadesign Carstyling“ од Запорожје објави компјутерски цртежи од првиот украински суперавтомобил.
Проектот се уште е во рана фаза на развој, а на „Facebook“ страницата на украинското дизајнерско студио се наведува дека првото концептно возило ќе биде претставенов во мај 2015-та година.
Врз основа на првите цртежи, може да се заклучи дека дизајнерите играле на сигурно и дека инспирација за обликувањето на надворешноста ја пронашле во своремените модели на познатите производители на суперавтомобили, како што се „Ferrari“ и „McLaren“.
Името на идниот суперавтомобил, потеклото и техничките детали на погонскиот систем, засега се непознати.