Бујната градина, рачно изработените камени ѕидови и уметничките железни акценти совршено го нагласуваат овој импресивен имот во медитерански стил…
Тој се простира на површина од пет хектари и чини 25 милиони долари. Архитектот кој го дизајнираше овој проект е Ерик Петерсон, а прилагодената изградба е дело на „Desert Star Construction“ компанијата. Вилата која се наоѓа на овој имот има седум спални соби, дванаесет бањи и оделна двособна куќа за гостите.
Овде исто така се наоѓа и одвоениот фитнес центар, тениски терен и повеќе од 2.500 квадратни метри земјиште, во автентичниот стил на Аризона.
Со цел да се прикаже најдоброто ниво на домашната забава овој имот има и свое приватно кино со удобни седишта, многу модерна музичка соба со професионални елементи и осветлување, студио за снимање со сите важни инструменти и прилагодено дизајнирани showroom со скапоцени и уникатни инструменти.