30 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИMotorola планира нов смартфон од високата класа

Motorola планира нов смартфон од високата класа

droid motorola

По обновувањето на клучните модели како „Moto G“ и „Moto X“, од американската компанија „Motorola“ (која сега е во сопственост на кинеската „Lenovo“), планираат претставување на нов модел од највисока класа кој може да ги засени конкурентите.

Врз основа на информациите кои протекоа на интернет, компанијата планира нов модел наречен „Droid Turbo“, кој ќе го одликува 5,2-инчен екран со резолуција 2560 x 1440 пиксели со која се одликуваат најдобрите дисплеи во моментов на модели како „LG G3“ (5.5-инчен) и „Samsung Galaxy Note 4“ (5.7-инчен).

Се очекува моделот да е со новиот процесор „Snapdragon 805“, кој е подобар од моделот „801“ кој се користи кај „HTC One M8“, „Samsung Galaxy S5“, „Sony Xperia Z3“ и „LG G3“. Тој, исто така ќе има 3 GB RAM меморија, споредлива со онаа на моделот „Note 4“.

droid motorola1

Друга ексклузивна карактеристика на смартфонот се очекува да биде 21-мегапикселната камера. До овој момент компанијата не се вклучуваше во трката за повеќе мегапиксели, но тоа најверојатно е на пат да се промени.

Покрај тоа, од компанијата ветуваат батерија со исклучително голем капацитет.

Моделот најверојатно ќе има и некои недостатоци, меѓу кои се покажуваат на не особено привлечниот дизајн, како и внатрешна меморија од 32 GB, без можност да се прошири со мемориска картичка.

Покрај тоа, разочарувачки е и името „Droid Turbo“, со оглед на тоа дека серијата „Droid“ се нуди ексклузивно од американскиот мобилен оператор „Verizon“, па не е сигурно дали моделот ќе се нуди на меѓународните пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП