30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на еврото по падот на производството во Германија

Пад на еврото по падот на производството во Германија

evropaevra54757

Вредноста на еврото на финансиските пазари денес се намали по објавата на податоците за падот на индустриското производство во Германија.

Вредноста на еврото во однос на американскиот долар се намали од 1,2655 на 1,2616 долари. Вредноста на доларот во однос на јапонскиот јен се намали од 108,79 на 108,61 јени.

Индексот на американскиот долар, или вредноста на доларот во однос на странските валути од шестте главни трговски партнери на САД, е зголемена за 0,14 проценти на 85,80.

Германското Министерство за економија соопшти дека индустриското производство е намалено за четири проценти во август, што е најголемиот пад од почетокот на 2009 година и далеку поголем од очекуваниот од 1,5 проценти.

Слабата побарувачка за стоки во земјите на еврозоната и Кина, прекинот на трговијата со Русија која е значителен трговски партнер, се главни причини за овој пад.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП