Изградена во 1967 година, оваа вила на Флорида е совршена за љубителите на пловењето или сопствениците на јахти…
Таа има директен пристап до заливот и пристаништето, во кое има доволно простор за јахта со должина од 80 стапки, но и два мали брода. Исто така, овде се достапни системите за лесен истовар на патниците и хидро лифтови, додека за комфорот на сопственикот и неговите гости е задолжен видиковецот на пристаништето со базенот со поглед на Biscayne Bay и Мајами. Доколку барате нов дом за вас, кој потенцијално ќе биде совршено место за забава на вода и копно, овој имот е совршен избор.
Новите станари на располагање ќе имаат 800 метри квадратен простор, кој е многу луксузно и удобно декориран. Тука се шестте спални соби, шестте бањи, совршената кујна, елегантната дневна соба и просторот за фитнес.
Цената на оваа вила на Флорида, специјално дизајнирана за сопствениците на јахти е 17,9 милиони долари.