„Ford“ ги објави првите фотографии од новата генерација на моделот „S-MAX“ кој ќе има светска премиера на саемот за автомобили во Париз.
Една година откако во Франкфурт беше претставена концептната верзија, „Ford“ откри како ќе изгледа производниот модел „S-MAX“.
Дизјанот на серискиот модел се надоврзува на концептот, со поедноставувања кои се во фукнција за поевтино производство.
Како и повеќето нови модели кои „Ford“ ги нуди на европскиот пазар, и новиот„ S-MAX“ има карактеристична трапезоидна маска и препознатливи издолжени фарови.
Внатрешноста е дизајнирана едноставно и елегантно, со доминантен екран на мултимедијалниот систем на врвот на конзолата и дискретни команди за клима уредот.
„Ford“ ќе понуди и некои практични фукции, како електронски потпирачи на седиштата во вториот и третиот ред кои се преклопуваат, како и „hands free“ отворање на вратата на багажникот, кој овој производител прв пат го примени на моделот „Kuga“.
„S-MAX“ е опремен и со нови странични воздушни перничиња кои се наоѓаат во задниот дел на возилото, електронско подесување на воланот и седишта со функцијата греење/ладење и масажер.
„Ford“ официјално не ги објави деталите за погонските единици, а се очекува меѓу нив да се најдат и неколку варијанти на 2.0-литарскиот „TDCI“ дизел агрегат во комбинација со шестстепен мануелен или автоматски менувач со двојно квачило.
Кога станува збор за бензинците, на купувачите на располагање ќе им бидат 1.5-литарски и 2.0-литарски „EcoBoost“ мотори.
Повеќе технички детали ќе бидат познати на почетокот на октомври, по премиерата на авто-саемот во Париз, а новиот „S-MAX“ ќе пристигне во продажните салони во 2015-та година.
Почетната цена би требало да изнесува околу 30.000 евра.