Дефанзивецот на Барселона Жорди Алба ќе добие предлог за нов договор од раководството на клубот, пишува „АС“.
Во наредните денови двете страни ќе седнат на преговарачка маса за да ги утврдат сите детали за новиот договор на 25-годишниот играч.
Актуелниот договор на Алба е до 2017-та година, но од Барса претпочитаат уште од сега да го поврзат долгорочно и се очекува неговиот престој на „Камп Ноу“ да биде продолжен барем за уште две години.
Репрезентативецот на Шпанија премина во Барселона од Валенсија во 2012-та година. До моментов тој има 46 натпревари и 7 асистенции за „каталонците“.