Трговскиот суфицит на Канада во јули е тројно поголем од очекуваните 900 милиони.
Канада во јули оваа година оствари трговски суфицит од 2,6 милијарди канадски долари, пред се благодарение на извозот во САД, соопшти Националниот Завод за статистика.
Остварениот канадски трговски суфицит во јули изнесуваше 1,8 милијарди долари.
Извозот во јули на месечно ниво е зголемен за 1,4 проценти на 45,5 милијарди долари, пред се поради растот на извозот на автомобили и автомобилски делови, пренесува АФП. Извозот на автомобили во јули пораснал за 10 проценти на 6,9 милијарди долари. Извозот на енергија во наведениот период е намален за 2,1 проценти на 11,3 милијарди.
Канадскиот увоз во јули е намален за 0,3 проценти во однос на претходниот месец на 43 милијарди долари.
Вредноста на канадскиот извоз во САД во јули е зголемена за 1,9 проценти на 34,4 милијарди долари, додека вредноста на увозот од САД е зголемена за 1,2 проценти на 29,2 милијарди долари. Канада во ЕУ во јули извезла стока во вредност од 3,6 милијарди долари, што е за една милијарда повеќе отколку во истиот период минатата година.