Халфот на ПСЖ, Марко Верати ќе потпише нов договор со клубот во најскоро време, соопштуваат медиумите во земјата.
Италијанецот треба да го продолжи договорот со ПСЖ до 2019-та година и ќе добива по четири милиони евра годишно.
Ова ќе биде второ обновување на договорот на играчот по неговото пристигнување на „Паркот на принцовите“ во 2012-та година.
„Марко многу напредна во својата игра во последната сезона. Нашето желба е тој да остане кај нас во следните години. За таа цел наскоро ќе има разговори со него за нов договор“, рече тренерот ПСЖ, Лоран Блан.