30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАKobo го претстави водоотпорниот читач на е-книги

Kobo го претстави водоотпорниот читач на е-книги

15837995153ff560bcf094412509008_orig

Канадската компанија „Kobo“, специјализирана за електронски (е) книги, направи нов читач за тие книги „aura H20“ кој е водоотпорен.

Се работи за уред чија водоотпорност е потврдена на длабочина од еден метар и тоа во текот на 30 минути. Така, страствените читатели ќе можат да читаат и под вода, но и во близина на места каде што читателот може да биде испрскан со вода, како што се рабовите на базените, плажата или кадата.

Техничкиот читач „kobo aura H20“ има осветлен екран чувствителен на допир од 6,8 инчи, кој овозможува резолуција од 1.440 x1.080 пиксели, како и подобро управување со контрастот благодарение на новата технологија на екранот „Karta“.

Тој има процесор од еден гигахерц и четири гигабајти простор за складирање (околу 3.000 е-книги).

MicroSD картичката овозможува зголемување на интерната меморија до 32 гигабајти.

Читачот ќе се најде на продажба од 1 октомври по цена од 179,99 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП