Индексот на деловната доверба во Германија, кој го пресметува економскиот институт Ифо, во август се намали на најниското ниво во последната година.
Тоа е уште еден индикатор дека најголемата европска економија губи замав.
Тесно следениот индекс на деловната клима овој месец се намали на 106,3 од 108 поени во јули, наведува Ифо, пренесува агенцијата Франс прес.
Аналитичарите предвидуваа помал пад, односно пад на 107 поени. Индексот во моментов е на најниското ниво од јули 2013 година.
„Компаниите се помалку задоволни со моменталната деловна ситуација, како и од прогнозата за идното работење и се повеќе скептични во однос на претходниот месец“, објави Ифо.