Руската Федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор (Росселхознадзор) воведе забрана за увоз во Русија на ситен и крупен рогат добиток и диви животни од бугарскиот регион Хасково, од грчкиот полуостров Пелопонез и од италијанскиот реон Лацио, поради појавата на болеста „син јазик“
Како што јави ИТАР-ТАСС, Росселхознадзор соопшти дека забраната стапува во сила од утре.
Забраната се однесува на увоз на бикови, овни, јарци, како и на камили, лами и алпаки.
Росселхознадзор информира и дека ќе биде забранет и увоз на сперма од бикови, овни и јарци од посочените области.