Во првите шест месеци од оваа година од евиденцијата на хрватскиот Завод за вработување вкупно биле вработени 130.160 лица, а бројката на невработени е намалена под 300.000 за прв пат во последните две години.
Меѓутоа, според податоците на Заводот како и водечкиот интернет портал за вработување, тие позитивни трендови се случуваат благодарение на сезонското вработување во туризмот, угостителството и трговијата, пренесуваат хрватските медиуми.
Според денешната евиденцја на Заводот за вработување, бројот на невработени лица изнесува 299.751.
Дека невработеноста е намалена главно поради сезонските причини, и тоа поврзани со туристичката сезона, потврдуваат и податоците кои покажуваат дека во останатите сектори не е забележан раст на вработувањата.