Од една од најголемите светски информатички компании, „IBM“, објавија дека во период од следните пет години ќе вложат големи напори и финансиски средства со цел да развијат нова генерација на чипови.
Станува збор за вкупен износ од 3 милијарди долари кои би требало да осигураат нови научни откритија.
Ова вложување би требало да ја започне своевидната револуција во оваа индустрија, во случај експертите од „IBM“ да постигнат значителен успех, било во намалувањето на големината на силиконските чипови или во развојот на целосно нова технологија, како што се графенските или квантните чипови.
Од компанијата испратија порака до акционерите дека со овој чекор тие се целосно посветени кон истражувањата и развојот, т.е. дека ќе поттикнат нови иноваци кои се неопходни во денешното работење на компјутерскиот пазар.