„Bvlgari“ брендот креираше едно навистина импресивно парче инспирирано од морската тематика – „Il Giardino Marino“, часовникот…
Декорот претставен на овој часовник може слободно да се нарече уметност и ремек дело. На него се наоѓаат многу наутички мотиви и слики – риби, морски звезди, корали на темно сина позадина која асоцира на длабочините на морето.
Овој часовник, чије име преведено од италијански значи Морска Градина, повеќе е вистински скапоцен камен отколку едноставен инструмент кои ни го покажува времето. Како вистински симбол на традицијата на овој престижен бренд, кој е познат по својата грациозност и убавина во своите креации, овој часовник не ништо помалку од совршен. Има златна круна декорирана со рубелит каменчиња и со сафирни кристали, како и автоматски швајцарски „Bvlgari“ механизам „BVL 263“, кој има фреквенција од 21.600 vph и турбијон со 40 скапоцени камења.
Куќиштето има дијаметар од 37мм, а направено е од 18-каратно розево злато, со или без 36 дијаманти. Како клучен допир на елеганцијата, тука е синиот каишот од алигаторска кожа, со копче од 18-каратно розево злато. Овој ексклузивен часовник е претставен како ограничено издание. Поточно, само 50 од овие часовници ќе бидат достапни за купување.