Сите оние кои ја сакаат Франција и француската ривиера, веројатно ќе се заљубат во оваа многу модерна и луксузна вила сместена на само 15 минути возење од Монако. Вилата Баи е сместена на височинката Вилафренч, нудејќи панорамски поглед на морето од секоја од 5-те спални соби. И од надвор и од внатре, ова одмаралиште е карактеристично по префинетоста и моќниот изглед.
Дури и брз општ поглед, без посветување внимание на детали, ќе ви ја открие нејзината импресивна способност: екстериерот е декориран и опремен со големи наместени терасии загреан базен кој гледа кон морето.
Ентериерот е „искапен“ со сончеви зраци, на горниот спрат има паркинг и гаража, главен апартман со гардеробер и бања, една двојна спална соба со бања и една двојна спална соба со туш кабина, сите се отворени кон терасата со солариум. Собите се минималистички уредени, зрачат со смели бои, давајќи чувство на проток на моќна енергија.
За да ја поседувате оваа вила, потребно е да имате малку повеќе пари…
Погледнете ги прекрасните фотографии: