„Bacardi“ е семеен бизнис, кој функционира на многу специфичен начин преку 150 години…
Кога членовите на семејството Бакарди ќе се состанат, тие уживаат во ексклузивните вкусови на рум, од нивните приватни колекции. Но, тие мислеле и на љубителите на нивниот бренд кога ја претставија „Facundo Rum“ колекцијата. Ова е прва колекција на стар рум од најновите приватни колекции, а вклучува четири ретки мешавини: „Facundo Neo“, „Facundo Eximo“, „Facundo Exquisito“ и „Facundo Paraiso“.
„Најмладиот“ од оваа зрела колекција, „Facundo Neo“ румот, стар е околу една година, додека најстариот рум „Facundo Paraiso“ е стар 23 години. Секој од овие прекрасни пијалоци е вистинско ремек дело, а ги создале некои од најдобрите уметници, за да се креира најдобрата можна експресија на рум. Овие четири верзии, тајно се развиваат веќе неколку години, а избрани се и креирани од 300 варијанти.
Овие румови се оддавање чест на оргиналниот „BACARDI Maestro de Ron“, Дон Факундо Бацарди Масо. Секој рум од оваа колекција е уникатна прослава на златната ера на Куба, со индивидуално стилизирани шишиња. Само 1.800 вакви шишиња ќе бидат произведени и пуштени во продажба, па така оваа колекција е наменета за вистинските љубители на овој префинет пијалок, но сепак и за оние со подлабоки џебови.