Унгарската компанија „Мол“ ги купи сите 42 бензиски станици на италијанската компанија „Ени“ во Романија и сега има вкупно 189 бензиски пумпи.
Со тоа „Мол“ е на четврто место по број на бензиски станици во своја сопственост, објави весникот Економика.
Групацијата „Мол“ регистрирала лани нето продажба од 17,24 милијарди евра. Групацијата работи во 40 држави и има околу 29.000 вработени. Најмногу бензиски станици поседува Петром – 550, Ромпетрол 450 и Лукоил околу 300 бензиски станици.