Раководството на ПСЖ пројавува сериозен интерес кон дефанзивецот на Челзи, Бранислав Ивановиќ.
Тренерот на францускиот шампион Лоран Блан го покажа својот интерес кон Србинот уште за време на дуелите меѓу двата тима во 1/4-финалето во Лигата на Шампионите.
„Светците“ се подготвени да извадат доста солидна сума и тоа од 15 милиони евра, за да ги обезбедат правата на Ивановиќ. Блан остана импресиониран од неговата борбеност, а дополнителна предност е и неговата универзалност.
Ивановиќ има уште еден одлична сезона во дресот на Челзи. Тој е еден од главните играчи во селекцијата на Жозе Мурињо и настапи на 33 натпревари, притоа постигнувајќи 3 гола и 1 асистенција.