Ланецот стоковни куќи „House of Fraser“ го продаде мнозинскиот удел на кинескиот конгломерат „Sanpower“ за 480 милиони фунти. Со оваа аквизиција, најголемиот кинески малопродажен инвеститор се стекна со 89 проценти од акциите во британската компанија.
„Sanpower“ соопшти дека сака да го прошири „култниот бренд“ во странство, особено во Кина. „House of Fraser“ овој договор го нарече „исклучително возбудливо поглавје“ во нивната 165-годишна историја.
Компанијата наведе дека не очекува моментални промени за своите 7.300 вработени во фабриките и 12.000 вработени кои работат во 60 продавници.