Македонскиот ракометен шампион Вардар во третата сезона од регионалната СЕХА лига, успеа да стигне до
втората титула.
„Црвено-црните“ вечерва во финалето на завршниот турнир во Нови Сад го победија белорускиот претставник Мешков Брест со 29:27.
Се покажаа како точни предвидувањата дека Вардар го очекува тежок меч.
Мешков Брест 40 минути пружи достоен отпор, а во текот на првото полувреме постојано беше во водство, најчесто со еден гол разлика.
Од 39.минута македонскиот претставник го презема водството (19:18) и од тој момент тргна кон вториот СЕХА триумф. Во 56.минута Вардар ги имаше највисоките плус пет (29:24).
Најефикасен во тимот на Вардар беше Тимур Дибиров со 11 погодоци од 12 обиди, а по четири пати во листата на стрелците се запишаа Игор Карачиќ и Алекс Душебаев.
Кај белорускиот тим се истакнаа Џианис Рутенка со седум и Растко Стојковиќ со шест реализации.
Во предигра на финалето, Загреб КО го победи Татран Прешов со 36:28 и го освои 3.место.