Европскиот производител на авиони „Airbus“ имал помалку нарачки од конкурентот, американскиот „Boeing“, во првото тромесечје од оваа година, соопштено е денес.
„Airbus“ имал 103 нарачки и 114 испораки во првите три месеци од оваа година, додека пак, американскиот ривал имал 235 нарачки и 161 испорака.
„Airbus“ во истиот период имал и 55 откажани нарачки, а „Boeing“ 40 откажани нарачки. Инаку, „Airbus A320“ и „Boeing 737“ се најпродаваните авиони во светот.
„Airbus“ успешно се натпреварува на пазарите на кои „Boeing“ своевремено имал монопол. Нискобуџетните авиокомпании, традиционалните клиенти на „Boeing 737“, почнале да се определуваат за „А320“.