Сега кога се претставени сите годинешни премиум уреди со оперативниот систем „Android“, вниманието на љубителите на технологијата ги привлекуваат гласините за „iPhone 6“. Најновата ја објави јапонскиот весник „Nikkei“ кој тврди дека има веродостојни информации од фабриката на „Sharp“ во градот Камејами.
Според работниците кои веќе ги произведуваат деловите за новиот „iPhone“, a станува збор за екраните“, „шестката“ ќе пристигне во две верзии, поточно со 4.5 и 5.5 инчни екрани. Исто така, судејќи според рокот на испораката кој го потпишале со „Apple“, Јапонците велат дека телефонот можеме да го очекуваме во продажба во септември.
Исто така според новите информации, чиповите за најновиот премиум модел на оваа компанија веќе се произведуваат во фабриката на нивниот партнер од Тајван.
Сега останува да се види дали сите овие шпеклуации се вистинити, па поради тоа можеме наскоро да очекуваме од „Apple“ потврда или негирање на овие информации.