Во фудбалот денес се влеваат многу пари. Без сериозно финансирање не може да се има тим со добри играчи. Сепак од суштинско значење е тренерот на екипата. Тоа се високоплатените стратези кои заработуваат милиони годишно.
Погледнете кои се најплатените тренери на национални тимови во фудбалот денес:
7. Висенте дел Боске, Шпанија – 3.26 милиони долари годишно.
Дојде на чело на тимот на Шпанија во јули 2008-та година. Под негово раководство Шпанците го освоија Светскиот куп во фудбал во 2010-та година и европската титула во 2012-та година. На клубско ниво 63-годишниот стратег беше тренер на Реал Мадрид. Периодот во кој тој беше на чело на Реал Мадрид е најуспешниот за тимот во историјата. УЕФА го избра Дел Боске за тренер на 2000-та и 2002-ра година.
6. Јоаким Лев, Германија – 3.48 милиони долари годишно.
Тој е поранешен фудбалер. Од 2006-та година е на чело на тимот на Германија. Под негово раководство Германија го освои третото место на Светското во фудбал во 2010-та година и стигна во полуфиналето во 2012-та година.
5. Отмар Хицфелд, Швајцарија – 3.61 милиони долари годишно.
Тој го изгради своето име во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен. Стана тренер на националниот тим на Швајцарија во 2008-та година. Под негово раководство Швајцарците се пласираа на Светското првенство во 2010-та година. Тој има 64 години и веќе најави дека по Светското првенство оваа година ќе се повлече од фудбалот.
4. Луиз Фелипе Сколари, Бразил – 3.83 милиони долари годишно.
Тој стана тренер на тимот на Бразил во 2001-ва година, а во 2002-ра година со тимот ја освои светската титула. На крајот на 2002-ра година се повлече од функцијата, но се врати во 2012-та година. Тој има 65 години и освен на Бразил беше уште селектор на Кувајт и Португалија, а на клубско ниво има работено со Челзи и други.
3. Чезаре Прандели, Италија – 4.16 милиони долари годишно.
Стана тренер на Италија во 2010-та година, а ја презеде функцијата од Марчело Липи. Во почетокот на 80-тите години тој беше еден од клучните играчи на Јувентус, со кои бил постојано шампион на Италија.
2. Рој Хоџсон, Англија – 4.91 милиони долари годишно.
Тој бил тренер на 16 различни екипи во 8 земји, меѓу кои Швајцарија, Финска и Англија.
1. Фабио Капело, Русија – 10.84 милиони долари годишно.
Тој е највисокоплатениот тренер на национален тим во светот и петтиот највисокоплатен, ако се спореди со клупските тренери. Од 2012-та година е тренер на тимот на Русија и изјави дека сака да остане на оваа функција до крајот на 2018-та година. Тој имаше многу успешни сезони со Милан и Реал Мадрид.