Фабриката за автомобили „Volkswagen Slovakia“ во 2013-та година произведе рекордни 426.313 возила, рекоа претставниците на оваа компанија во седиштето на фабриката во Братислава.
„VW Slovakia“ произведе најмногу возила во својата 23-годишна историја и практично стигна до границата на својот производен капацитет, рече претседателот на управниот одбор, Алберт Рејмонд.
Инаку, во оваа фабрика се изработуваат „SUV“ моделите на групацијата „VW“ – „Volkswagen Touareg“, „Audi Q7“ и „Porsche Cayenne“, како и трите мали градски автомобили, „VW Up!“, „Seat Mii“ и „Škoda Citigo“.
Соопштено е дека „SUV“ возилата достигнале удел од 51 процент од вкупното производство, додека малите градски автомобили чинат 49 проценти од продукцијата.
Во текот на 2013-та година во фабриката во Братислава произведени се и 268.500 менувачи.