Берзанските индекси на американските пазари паднаа откако Претседателот на САД, Барак Обама, ја повика Европа да се спротистави на неодамнешното присоединување на Крим кон Русија, а на инвеститорите не влијаеја позитивните податоци од американската економија.
Dow Jones се намали за 0.60%, S&P 500 индексот се спушти за 0.70%, а Nasdaq индексот падна за 1.43%.
Барак Обама во Брисел изјави дека Европа треба да биде построга кон Русија, вклучувајќи и санкции, доколку Москва продолжи да влегува на украинска територија.
САД и Европската унија се договорија за примена на заеднички построги санкции кон Русија, кои би можеле да го вклучат и енергентскиот сектор.
Економските санкции можат да ја доведат Русија до рецесија која не се исклучува да се пренесе и на глобално ниво.
Геополитичката загриженост фрли сенка на позитивните американски податоци.
Вчера беа објавени официјалните податоци кои покажаа дека нарачките на трајните добра во САД пораснале во месец февруари за 2.2%, по предходниот пад од 1.3%, додека предвидувањата беа раст за 1%.
Нарачката на основните трајни добра, која го исклучува транспортот на испарливи предмети, пораснала за 0.2% во февруари, а прогнозираниот раст изнесуваше 0.3%.
Азиските берзи беа променливи поради стравувањата дека санкциите кон Русија можат негативно да влијаат на глобалниот раст.
Јапонскиот Nikkei 225 индекс се зголеми за 1.1%, Hang Seng индексот од Хонг Конг се намали за 0.2%, додека австралискиот ASX/200 беше понизок за 0.5%.
Европските акции паднаа поради тензиите помеѓу САД и Русија, додека шпекулациите дека Европската Централна Банка ќе спроведе дополнителни стимулативни мерки, дадоа мала поддршка.
Euro Stoxx 50 се намали за 0.27%, францускиот CAC 40 беше понизок за 0.43%, лондонскиот FTSE 100 падна за 0.54%, додека германскиот DAX 30 се спушти за 0.26%.