Австралија воведе финансиски санкции и забрана за влез во земјата за лица кои имаат клучна улога во руската политика која претставува закана за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, изјави денес австралиската министерка за надворешни работи Џули Бишоп.
Овие мерки ја потврдуваат јасната и недвосмислена поддршка на Австралија за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, изјави таа.
Министерството за надворешни работи соопшти дека имињата на црната листа нема да бидат објавени.
Во соопштението се наведува дека ова е направено со цел да се спречат ризиците од повлекување на капитал од Австралија, пренесува агенцијата Итар тас.
ЕУ, САД, како и Летонија, воведоа санкции против одделни руски и украински официјални лица.