Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ оствари победа во финалето на Мастерс 1000 во Индијан Велс (САД).
Тој во завршниот меч го совлада Рожер Федерер од Швајцарија со 2:1 во сетови.
За Ѓоковиќ ова беше 42.ра титула во кариерата или 17.та на турнир од Мастерс серијата.
Со овој триумф Ѓоковиќ го намали скорот на 17:16 за Федерер во меѓусебни дуели.
Почетокот на мечот и првиот сет не навестуваше триумф на Ѓоковиќ, бидејќи Швајцарецот поведе со 1:0 – 6:3 во гемови. Сепак, српскиот тенисер брз се врати во ритам и изедначи откако го доби вториот сет со идентични 6:3 во гемови.
Во решавачкиот сет Ѓоковиќ прв направи брејк и водеше во најголемиот дел од сет, но Федерер го врати брејкот и сетот се решаваше во тај брекот што му припадна на Ѓоковиќ со 7:3.
Ова за Србинот беше трета победа во Индијан Велс (2008 и 2011 година).
На женскиот дел од турнирот победи Флавија Пенета од Италија, која во финалето ја совлада Агнешка Радванска од Полска со 6:2 и 6:1.