Во Крива Паланка денеска почна реализацијата на меѓународниот проект „Млади креатори на маркетинг политика“.
Целта на проектот е продлабочување на маркетинг знаењата преку подобро претставување и информирање за директно поврзување на економиите од 15-те држави учеснички, Албанија, Бугарија, Италија, Косово, Литванија, Полска, Романија, Руската Федерација, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, Хрватска и Македонија.
Како што информираа организаторите, „Млади креатори на маркетинг политика“ е голем предизвик за пронаоѓање на вистинскиот економски колосек за т.н. хомо балканикс, кодиран со пазарниот модел на живеење и фокусиран на иднината.
Во проектот што ќе трае до 23 март годинава, учествуваат 40 млади маркетинг лидери, а организатор е Асоцијацијата за истражување, едукација и развој „Маркетинг порта“ од Скопје, со поддршка од Европската комисија.