Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво и за 2,6 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со јануари 2014 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,6 отсто, во групата Капитални производи за 0,6 и во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.
Во споредба со февруари 2013 година, продажните цени се пониски во групата Енергија за 4,3 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,3, Капитални производи за 1,5 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто.