Најновата суперјахта, „Pantera“ со должина од 47 метри е спортски модерен брод, со дизајн креиран врз основа на комфорот…
Оваа јахта е конструирана во „Benetti“ бродоградилиштето во Јужна Италија. Овој моќен алуминиумски брод е многу удобен, импресивно стабилен и има доста ниско ниво на бучава и вибрации, дури и кога плови со максималната брзина од 24 јазли.
Сопственикот на оваа луксузна јахта јасно ги изразил своите желби. Тој посакал модерен брод, дизајниран со стил, а дизајнерите и инженерите успешно му пристапиле на тој предизвик.
Ентериерот на оваа луксузна јахта е подеднакво елегантен. Главниот салон, кој е едноставен и осветлен, со палетата на бои од сите металик и ладни природни тонови се состои од простор за седење, централен дел и формална трпезарија.
На оваа јахта можат да бидат сместени 10 гости во нејзините два вип апартмани и два луксузно опремени апартмани со сјаен поглед и гостопримлива атмосфера.
Посветеноста на елеганцијата и луксузот, како и високите перформанси, е она што ја прави оваа „Panthera“ јахта неверојатна суперјахта.