Луксузниот бренд „Bentley“ во текот на „Motor Show“ во Женева ќе ја претстави својата нова колекција на ташни…
Во колекцијата ќе се најдат два модела – „Continental“ и „Barnato“, со богата палета на бои која го претставува стил на „Bentley“ брендот и неговите луксузни автомобили, кои се совршени до последен детал. Во колекцијата, исто така, ќе се најдат и префинети свилени шалови, како совршена комбинација на аксесоари.
Палетата на бои ја вклучува и специјалната боја на „Слонова коска“, која е користена на моделот „Continental R-Type 1952“, а направена е од кожа, во комбинација со темна бордо боја во внатрешноста.
Уште една класична боја е „Змеј Црвена“ инспирирана од „Continental GT V8“, исто така од кожа.
Тука е и зелената боја позајмена од моделот „Bentley Blower“, користена во комбинација со лесна луксузна кожа.
Уште некои од комбинациите кои можете даги видите се „Шафран“/Платно, „Империјално Сина“/Платно, „Портлан“/„Пилар Бокс Црвена“ и „Садл“/Платно.