30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАМадона ве советува како да постигнете деловен успех

Мадона ве советува како да постигнете деловен успех

Madonna

Магазинот „Forbes“ ја прогласи неа за најплатена позната личност во светот, чија заработка се проценува на 125 милиони долари годишно, а во Њујорк пред четири децении дошла со 35 долари почетен капитал во џебот.

Мадона во изминатите две години официјално стана милијардерка. Иако првите милиони ги заработи од музичките хитови, до банкарската сметка со девет нули стигнала со мудро инвестирање. Нејзиниот последен албум заработил 305 милиони долари, но, говорејќи со бројки, на Мадона во последните две години и се слеале дури 60 милиони долари од парфемот „Truth of Dare“ и десет милиони од реклама за вотка. Врвната форма во 55-та година и помогна да стане и фитнес бренд. Се збогати и со вложување во ланец на фитнес клубови, како и во диетални напитоци.

Неприкосновената кралица на поп музиката на крајот на минатата година ја објави „Secret project revolution video“, моќна критика на модерното општество. Со филмот е најавен чекорот „Art for Freedom“ насочен кон подигнување на свеста за проблемите со кршењето на човековите права, а Мадона свој допринос дала вперувајќи го прстот директно во сржта на проблемот на капиталистичкото општество. Зборува за се што не чини во овој свет, од бедата и сиромаштијата до суровоста на војната и, секако, таа го повика човекот на одговорност. Како мудра деловна жена, понуди решение, советувајќи се најпрво со деловниот свет, чии дела имаат најголемо влијание во општеството.

*Мадона: „Гледам луѓе кои бараат излез од апсурдноста во некоја нова и возбудлива забава“.

(Разонодата не смее самата на себе да си биде цел. Некоја содржина и смисла мора да постои, бидејќи човекот вложува во светот толку колку што вложува во себе.)

*Мадона: „Премногу убавина во светот пропаѓа, талентот поминува незабележан, а креативноста се распаѓа под тркалата на корпорациските брендови и трендовите“.

(Оној кој ги следи трендовите, брзо ќе се збогати, но оној кој ги слуша човечките потреби и го следи своето срце, ќе направи нешто за паметење.)

*Мадона: „Дали ќе ме разберете сериозно ако сум со полна воена опрема и со пушка АК-47 на рамото?“

(Не е фер, ниту мудро, луѓето да ги цените по изгледот и облеката. Треба да ги доживувате и да ги разбирате сериозно, додека спротивното не се докаже.)

*Мадона: „Непријателот не е надвор, тој е во нас“.

(Стравот е најголемиот непријател на човекот. Стравот од неуспех го кочи човекот во напредувањето. Успешен е само оној кој научил да продолжи понатаму и покрај препреките предизвикани од стравот.)

*Мадона: „Сум видела апатија, сум видела нетолеранција, сум видела очај и беда. Сум видела луѓе без желба“.

(Рутината е златна при извршување на дневните обврски, но ја убива креативноста. Прекршете ја својата рутина, направите нешто ново со своите страсти за душата.)

*Мадона: „Сум видела луѓе желни да се пробијат, кои бараат совети, кои бараат инспирација, кои бараат надеж“.

(Најдобрите деловни луѓе слушаат што им кажуваат следбениците и ги поддржуваат оние кои водат. Осетливи се на потребите на другите, делуваат инспиративно и имаат позитивен став кон животот.)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП