На крајот на сезоната Наполи ќе се обиде во своите редови да го доведе капитенот на Арсенал Томас Вермаелен, но и Роберто Солдадо од Тотенхем, соопштуваат медиумите на Островот.
Тренерот Рафаел Бенитез е добро запознат со ситуацијата во Премиер лигата на Англија, каде што работеше во последниот негов ангажман, па тој планира да патува во Северен Лондон во текот на летото .
Шпанецот ќе сака да ја искористи незавидната положба на Вермаелен, кој веќе втора сезона е втора опција во одбрана заради чудата хармонија меѓу Лоран Кошчиелни и Пер Мертезакер.
Претходно се шпекулираше дека белгискиот репрезентативец може да си замине уште во јануари поради претстојното Светско првенство, но тој сепак остана лојален кон „топџиите“.
Солдадо пак, исто така го загуби првотимскиот статус во нападот на Тотенхем, каде ја игра својата прва година. Откако Тим Шервуд го презеде тимот, тој како прва опција го нападот на тимот го преферира Емануел Адебајор.
Ова ја отвора врата пред Бенитез да го засили составот на двете позиции за кои смета дека се многу ранливи.