30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕрјавец и Пусиќ: Најдовме решение за „Љубљанска банка“

Ерјавец и Пусиќ: Најдовме решение за „Љубљанска банка“

NLB

Шефовите на дипломатиите на Словенија и Хрватска, Карл Ерјавец и Весна Пусиќ, соопштија дека пронашле решение за спорот на двете земји околу „Љубљанска банка“, но дека не можат да го претстават се додека не биде одобрено од владите во Љубљана и Загреб.

-Решенеито околу кое сме согласни има неколку различни подваријанти, изјавија Пусиќ и Ерјавец, по шестчасовниот состанок во Оточац на Крка, во Словенија.

Како што јавува Хина, министрите најавиле дека решението за прашањето на старите девизни заштеди на хрватските штедачи во поранешната „Љубљанска банка“ ќе им го претстават на своите влади  и дека, ако тие не го прифатат, повторно ќе се состанат во Загреб, на 19 февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП