Францускиот производител на крајот на април во Пекинг ќе претстави автомобил кој стилски се надоврзува на спортскиот концепт „Onyx“ од 2012-та година.
„Peugeot“ соопшти дека станува збор за автомобил кој е долг 4,73 и висок 1,31 метри со конфигурација на седишта 2+2.
Иако силуетата се надѕира на првата фотографија на скриениот концепт, сугерира дека станува збор за автомобил со линии на купе. „Peugeot“ тврди дека во возилото има сосема доволно простор за во него да се сместат четири возрасни луѓе и нивниот багаж.
Повеќе детали за новиот концепт ќе бидат познати за време на одржувањето на авто-саемот во Пекинг од 20-ти до 29-ти април 2014-та година. Според зборовите на луѓето од „Peugeot“, концептот треба да понуди увид во стилскиот израз и дизајнерските детали кои француската компанија ќе ги користи во своите модели во иднина.