„Ozero“ лустерот е направен од мали парчина кристали, кои се рачно поврзувани во вид на мали нараквици.
Овој прекрасен и луксузен кристален лустер ја зголемува светлината во домот и креира прекрасна светкава атмосфера.
Овој лустер е креација на извонредниот дизајнер Јанос Хедер. Прекрасниот лустер има способност да го претвори ентериерот во хармоничен и луксузен простор кој ќе им се допадне дури и на оние најпребирливите.
Убавината на овој рачно изработен лустер може да се објасни со фактот што секое парче кристал кој е на него има импресивен сјај и рефлектира неверојатно пријатна и убава светлина. На тој начин просторијата добива топло и нежно осветлување, а и самиот лустер претставува прекрасен елемент за декорација на просторот.