30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAcer повторно во минус

Acer повторно во минус

acermacer

Компанијата „Acer“ во изминатиов квартал имала загуба во висина од 274 милиони долари. Причината за ваквиот резултат е слабата продажба на „ultrabook“ уредите, но и лошите потези при распоредувањето на ресурсите. Ова е трет квартал по ред во кој овој производител бележи лоши резултати.

Вкупно во претходниот квартал тие оствариле приходи од 2.9 милијарди долари, што е за 6 проценти послаб резултат во однос на истиот период од минатата година.

Дополнително во компанијата велат дека нивните производи не ги исполниле барањата на пазарот и покрај водечкиот дизајн и функционалност кои ги нудат. Една од мерките за намалување на трошоците во „Acer“ ќе биде и намалувањето на платите на раководните лица во компанијата за 30 проценти.

На ниво на цела година „Acer“ оствари приходи во висина од 12 милијарди долари, што повторно е послаб резултат за 16 проценти во споредба со 2012-та година. Оперативната загуба на ниво на целата година изнесува 380 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП